logo
logo
logo

Два вагона-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа во Зајечар

Vecer | 27.01.2023

Два вагона-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа во Зајечар

Лизгањето на осмата и деветтата цистерна се случи во 08:40 часот на четвртата пруга, во станицата Зајечар.

„Немаше истекување, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина“, се наведува во соопштението.

Во товарната композиција имало 12 вагони-цистерни, кои се во сопственост на компанијата „Еликсир“ и патувале од Прахов до Шабац.

Заедничка железничка комисија за истрага на вонредни настани на железничката инфраструктура на Србија и Србија Карго е на терен и ќе ги утврдува причините за несреќата.

Сообраќајот на патнички и товарни возови на станицата Зајечар не е во прекин, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk