logo
logo
logo

Дронови ги прелетуваат плажите во Грција- досега се наплатени 350.000 евра за нелегални лежалки

Vecer | 11.07.2024

Дронови ги прелетуваат плажите во Грција- досега се наплатени 350.000 евра за нелегални лежалки

Властите истражиле „повеќе од 1.000 поплаки“ од јавноста на туристичките места како што се островот Крф, полуостровот Халкидики и Атика, регионот околу Атина, во обид да се справат со прекумерниот туризам.

Минатата година Грција ја посетиле рекордни 33 милиони луѓе, пет милиони повеќе отколку во 2022 година.

Дроновите летаат над Атина, а се користат сателитски снимки и специјална апликација „MiCoast“ каде луѓето можат да го споделат своето искуство од плажа,  за да се пожалат.

Грците, исто така, може да се повикаат на земјишниот регистар за да пријават незаконско окупирање на плажите.

Според новите правила воведени во март, чадорите и лежалките мора да бидат оддалечени најмалку четири метри од морето. А на плажи кои имаат помалку од четири метри песок не е дозволено издавање под кирија.

Повеќето казни се ограничени на лежалки и чадори кои заземаат премногу простор на плажата, соопшти владата.

Владата презеде акција откако локалното население на југоисточниот остров Парос започнало протести наречени „движење пешкир“, барајќи слободен, неоптоварен пристап до морскиот брег.

Демонстрантите го осудија присвојувањето на многу плажи од страна на деловните субјекти кои поставуваат чадори и лежалки изнајмени на ден, некои по високи цени.

„Нашата цел е да ја заштитиме животната средина и правото на граѓаните на слободен пристап до плажата и да го зачуваме нашиот туристички производ, како и здравото претприемништво“, се вели во изјавата на министерот за економија Костис Хацидакис.

Беспилотни летала ќе летаат и над познатите острови Киклади и Додеканези, во близина на турскиот брег, во следните неколку дена за да ги утврдат можните прекршувања, пренесува Метро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk