logo
logo
logo

Драма во зградата на Колинда: Среќа не била дома

Vecer | 06.03.2021

Драма во зградата на Колинда: Среќа не била дома

Во зградата на поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ се одиграла вистинска драма, за која таа дознала по телефон. Имено, Грабар-Китаровиќ била на положување камен-темелник за изградба на куќа на семејството Радошевиќ, кое има шест деца, кога и се јавиле дека нејзината сосетка се забарикадирала во станот и се заканувала со бомба.

Нејзината сосетка на прозорецот залепила хартија со порака дека во станот има бомба.

- Не знаев што се случува додека не почна да ми ѕвони мобилниот. Ме бараа новинари и пријатели и така дознав што се случува, рекла Грабар-Китаровиќ за Јутарњи лист по враќањето во Загреб.

Таа додала и дека сите во нејзиното семејство се добро.

- Сопругот бил на работа, синот на училиште. Не знам што точно се случило, не ги знам деталите, ниту ја познавам таа госпоѓа.  Како што гледам од медиумите, очигледно ќе се погрижат и за неа и за нејзините проблеми, рекла поранешната претседателка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk