Како што изјави за Хина, Горан Бушелиќ, шефот на противпожарната служба на ДВД Тучепи, ситуацијата на терен е тешка, им недостигаат пожарникари и цистерни, пренесе Индекс.
„Пожарот во Тучепи успеавме да го ставиме под контрола, но сега ни е страшно во Подгора. Гори од сите страни. Пожарот е во паркот на природата Биоково. Моравме да ги евакуираме сите луѓе од куќите. Ќе продолжиме да се бориме за секој човек цела ноќ и објект, но ни недостигаат луѓе и опрема“, рече тој.
Тој пожар гори од вторникот вечерта, поради што на терен се 250 пожарникари со 50 возила на кои во текот на денот им помогнале канадери.
Невнимателно пожарот бил предизвикан од 65-годишен пчелар, за што добил кривична пријава.
Покрај тој пожар, пожарникарите се борат и со оној во Врсине кај Трогир што избувна попладнево.
Ситуацијата таму е нешто подобра, а на терен се 120 пожарникари на кои им помогнаа колегите од Личко-сењската жупанија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата