logo
logo
logo

Драма во Јадранското Море: Брод полн со експлозив без дозвола плови покрај Ластово

Vecer | 03.10.2024

Драма во Јадранското Море: Брод полн со експлозив без дозвола плови покрај Ластово

Наводно, на бродот има експлозив наменет за Израел, според информациите на владата на Намибија и португалскиот министер за надворешни работи, пренесува 24sata.hr.

Намибиските власти одбиле влез на тој брод во август поради осум контејнери со експлозиви RDX Hexogen наменети за Израел.

Според информациите од канцелариите на премиерот на Словенија и министерот за надворешни работи на Португалија, бродот се упатил кон Црна Гора и словенечкото пристаниште Копер, каде што ќе го истовари својот товар.

Не се знае како товарот ќе стигне до Израел.

„Катрин“ моментално се наоѓа во Јадранското Море, покрај границата на хрватските територијални води, недалеку од Ластово, јавува порталот Marine Traffic.

Порталот РТЦГ објави дека бродот не можел да влезе во пристаништето Бар, а Morski.hr наведува дека „Катрин“ плови во близина на Ластово бидејќи се претпоставува дека бара дозвола од хрватските власти да помине или да влезе во хрватските територијални води.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk