Таа вели дека неколку часа пред полноќ се вратиле од Лесковац дома, го поминала селото Дрќевац, но дека проблемот настанал на почетокот на угорницата, пренесе Телеграф.
-Попатно со голи раце отстранувавме дрвја од коловозот за да можеме да поминеме, но времето овде е лошо веќе три дена. Силен снег со невреме, па дожд, денеска беше малку подобро, па повторно снег со невреме. Се замрзнав во колата. Се грижам и за сопругот - се пожалила жената сè уште заглавена во автомобилот.
Нејзиниот сопруг пеш тргнал низ длабокиот снег за да донесе трактор за да го извлече автомобилот. Од местото каде што го чекала сопругата до куќата имало повеќе од еден километар во еден правец.
- Пишувате дека патиштата се чистат, а ова е пример дека не е точно. Никој не дојде овде да го расчисти патот - рече таа во разговор со новинарите на ЈуГмедиа.
Во Голема Њива, тврди, останале најмногу десетина постари жители, а најмладата жителка е педесет и петгодишната Каја.
- Не дај Боже на некој овде да му е тешко. Не би имало кој да му помогне, како мене и мојот сопруг сега - вели жената која залудно се обидувала да испрати јасни фотографии од местото на настанот, бидејќи ѝ замрзнал и мобилниот телефон.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата