- Се врши интензивен мониторинг, но повредите се такви, тие се во тешка општа здравствена состојба - изјави Николиќ.
Како што изјави лекарот, на пациентите кои се повредени во тешката несреќа на Железничката станица во Нови Сад им се пружа сета потребна нега и се прави сѐ за да се спасат.
- Се спроведува интензивен конзервативен третман, дополнителна дијагностика, лабораториски снимања, нови хируршки процедури во однос на откриените повреди. Вакви тешки повреди се среќаваат само во воени услови, тие бараат континуиран мониторинг - рече тој.
Тој истакна и дека никој од тројцата повредени не е свесен и дека се приклучени на механичка вентилација.
- Знаеме сѐ за нивната здравствена состојба и тоа не е спорно, тоа се обемни повреди на повеќе органски системи, бараат многу внимателен начин на нега, даваме сѐ од себе и мислам дека имаме резултати во однос на тоа. Но секогаш ќе бидам внимателен поради големите повреди за кои станува збор - истакна директорот.
Тој додаде дека нема да зборува за индивидуалната состојба на секој од пациентите, но дека целиот тим е многу добро упатен во нивната состојба.
- Општата и стручно-медицинската проценка е дека општата здравствена состојба е сериозна или поточно опасна по живот - вели Николиќ.
На крајот истакна дека има залиха на крв, но дека не е лошо да ја има и во резерва.
- Имаме крв, но никогаш не е лошо да ја имаме во резерва, за луѓе со добра волја, а видовме дека ги има многу, да даваме крв и со тоа да им помагаме на другите луѓе - заклучи тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата