logo
logo
logo

Детали за сообраќајката во која загина Србинка на одмор во Паралија: Жената била бремена

Vecer | 10.06.2024

Детали за сообраќајката во која загина Србинка на одмор во Паралија: Жената била бремена

Семејство од Србија на 5 мај доживеала страшна сообраќајна несреќа на одмор при што загинала мајката, а таткото и синот биле повредени, објави Прототема.

Да потсетиме, семејство од Србија било на одмор, а жената загинала во директен судир на нивниот автомобил шкода, со белградски таблички, и локалниот градски автобус на патот Катерини - Паралија.

„Еден ден по несреќата, жената им подлегнала на повредите во грчката болница Катеринис, додека нејзиниот сопруг и детето се пренесени во болницата во Солун. Нивните животи не се во опасност и наскоро треба да ја напуштат болницата. Мажот има скршеници, а малото момче се здобило со повреди на главата“, вели изворот на Курир и додава дека се сомнева дека оваа несреќа е предизвикана од лошата сообраќајна сигнализација.

„Постои сомневање дека семафорите на раскрсницата не биле синхронизирани, односно зеленото светло и за „шкодата“ и за автобусот се вклучило истовремено. Тоа довело до неизбежен судир“, наведува изворот, додавајќи дека за трагичните последици од судирот придонело и што возачот на автобусот возел побрзо од дозволеното.

„Автобусот се движеше 40 километри на час повеќе од дозволеното на таа делница. Од силината на ударот шкодата се сврте неколку пати, а момчето кое беше на неговото седиште испадна од него при вртењето“, изјавил соговорникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk