logo
logo
logo

Детали за крвавата забава во Книн: Момче донело бомба за да си играат, му експлодирала во раце

Vecer | 24.11.2024

Детали за крвавата забава во Книн: Момче донело бомба за да си играат, му експлодирала во раце

Полицијата излезе со соопштение во кое објаснува што навистина се случило. Деталите се шокантни и вознемирувачки.

„Вчера, 23 ноември, околу 23.01 часот во Книн, во Улица Брибирских Кнежова, во стан на приземје од зградата се случила експлозија во која загина 25-годишен маж, додека двајца млади на возраст од 25  и 23, девојка на возраст од 21 година и малолетник се здобиле со тешки телесни повреди.

Врз основа на пронајдените траги на местото на настанот, увидната екипа утврдила дека експлозијата била предизвикана од рачна бомба М-75.

За време на забавата, повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел, донел рачна бомба М-75 и му ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачната бомба во раката на починатиот 25-годишник.

Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.

Од почетокот на 2024 година, полициските службеници од антиексплозивна заштита на подрачјето на ПУ Шибеник-Книн регистрирале 5091 случај на доброволно предавање на оружје и мински експлозивни направи како дел од акцијата.

„Помалку пиштоли, помалку трагедии“. По тој повод запленети се вкупно 33 парчиња оружје, 4.986 парчиња муниција, 32 мини-експлозивни направи и 18,4 килограми експлозив.

Исто така, од страна на полициски службеници на полициската управа Шибеник-Книн, во рамки на прекршочна или кривична постапка од граѓани одземени се 60 парчиња оружје, 999 парчиња муниција, 134 парчиња пиротехнички средства и 1,5 килограми експлозив.

„Ги повикуваме и апелираме сите оние кои сè уште чуваат или кријат оружје или експлозивни направи некаде во своите домови да пријават во полиција без страв од санкции, бидејќи кампањата „Помалку оружје, помалку трагедии“ се уште е во сила.

Имајте предвид дека граѓаните сами да не носат оружје или експлозиви во полициските станици, со цел да не предизвикаат несакани повреди, туку да нѐ известат за нивната намера да ги предадат на бројот 192 или на бројот на најблиската полициска станица.

Полицијата ќе испрати професионални и обучени полицајци во цивилна облека, кои на безбеден начин ќе ги преземат опасните средства.“,објави Индекс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk