logo
logo
logo

„Ден на жалост во Бугарија“ - сепак имало Македонци

Vecer | 20.03.2023

„Ден на жалост во Бугарија“ - сепак имало Македонци

На иконата на Св. Јован Златоуст изработена на метал, којашто и денес стои на средишното место на олтарската врата на беровскиот манастир „Св. Архангел Михаил“ стар скоро два века, уметникот Гаврил Атанасов Христов запишал:

„Иконописец Гаврил Атан.(асов), Македонец, од село Берово, Малеш, 1897 година. 

Гаврил Атанасов Христов бил македонски уметник, иконописец и фотограф, роден во Берово, 1862 или 63. Бил врвен зограф. Зад себе има 300 вредни икони, од коишто голем број се во Русија, а има и во Бугарија, во Пиринска Македонија, потоа Берово и неколку цркви и манастири во Македонија. 

Ова секако е најдобар доказ, кој ги градел црквите на овие простори и како се чувствувал по етничка припадност. Нема подобро од тоа како сам се потпишал, опишал, претставил и етнички се самопределил. Такви биле и сите негови соработници и ученици. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk