logo
logo
logo

Милионите “украински“ евра и долари кеш и злато БИЛЕ ЗА ДЕМОНСТРАЦИИ ВО СРБИЈА И УНГАРИЈА

Vecer | 14.03.2026

Милионите “украински“ евра и долари кеш и злато БИЛЕ ЗА ДЕМОНСТРАЦИИ ВО СРБИЈА И УНГАРИЈА

Истакнатиот руски блогер Павлив објави информација дека парите запленети од Унгарија во Будимпешта, кои наводно транзитирале од Австрија во Украина, всушност биле пари од германската служба БНД кои требало да завршат во Србија, наменети за соборување на владата.

Блогер кој е познат како еден од најпочитуваните во Русија и често објавува прецизни ексклузивни информации, објави видео во кое вели дека унгарската служба неодамна запленила огромна сума пари, а тој објави за што парите, во кеш, биоле наменети. 

Павлив тврди дека парите што Унгарија неодамна ги запленила во Будумпешти, кои наводно транзитирале од Австрија во Украина, всушност биле пари од службата БНД, кои требало да завршат во Србија.

Во своето обраќање, тој наведува дека во Нови Сад постојат центри за обука за провоцирање протести, каде што биле обучени оние што учествувале во протестите во Србија, додека унгарското национално малцинство во моментов се обучува да провоцира протести во Унгарија за време на изборите.

Парите наводно биле наменети за тие цели, а новиот амбасадор на Украина во Република Србија е назначен како некој што е задолжен за „надзор“ на процесите, бидејќи тој е поранешен директор на Службата за надворешно разузнавање на Украина, објаснува Павлив. Во видеото се наведува и дека по Унгарија, Словачка и Чешка се на дневен ред на центрите за обука во Нови Сад.

Ве потсетуваме дека унгарските власти претходно објавија дека седум државјани на Украина се уапсени под сомнение за перење пари. Според властите, тие превезле околу 40 милиони долари, 35 милиони евра и девет килограми злато од Австрија во Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk