logo
logo
logo

Дачиќ најави можни санкции на Србија против Русија

Vecer | 26.01.2023

Дачиќ најави можни санкции на Србија против Русија

– Го осудуваме нарушувањето на територијалниот интегритет на Украина и на тој начин гласавме во меѓународните тела. Дали ќе воведеме санкции против Русија е друго прашање. Тоа не е прашање на време или рокови, тоа е прашање што се однесува на нашите политички и економски интереси, изјави тој за Еuractiv Србија.

– Доколку нешто се промени на штета на интересите на Србија, тогаш нашата одлука ќе биде соодветно приспособена затоа што во секој момент ќе оценуваме која е најдобрата одлука за нашата економија, за нашата позиција во светот и за граѓаните на Србија, рече Дачиќ.

Дачиќ нагласи дека членството во ЕУ е „приоритет за Србија“, но тој исто така ја критикуваше ЕУ поради одолговлекувањето на проширувањето.

Српската премиерка Ана Брнабиќ, која синоќа присуствуваше на настанот на промоцијата на Еuractiv Србија во Белград, зборуваше за „руската агресија врз Украина“, формулација која Србија претходно не ја користеше. Таа, исто така, ја пофали ЕУ како најголем инвеститор и донатор во Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk