logo
logo
logo

Дачиќ: Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ

Vecer | 06.10.2024

Дачиќ: Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека по наредба на претседателот на државата, Александар Вучиќ, а согласно писмото на премиерот Милош Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи ќе испрати 36 припадници на Тимот за спасување од Секторот за вонредни ситуации со 12 возила за помош во поплавите во Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Белград.

По наредба на претседателот Вучиќ, а согласно писмото на премиерот Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи на барање на Босна и Херцеговина, како помош ќе испрати 36 членови на Тимот за спасување од Секторот за вонредни ситуации со 12 возила, се наведува во соопштението на МВР.

Понудена е и помош во инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери. Како што најавија од Сараево, спасувачите ќе бидат испратени во Јабланица.

Екипата на спасувачите за БиХ заминува утринава, се наведува во соопштението на МВР. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk