Состаноците на претставниците на српските власти од Белград и европските од Брисел се одржуваат со години, така што пред 10 години, во 2014 година, беше утврдена преговарачка рамка во која ќе се пристапи кон признавање на независноста на Косово никогаш не било официјален услов за членство.
После 10 години сетоа тоа ќе се смени
Сега, со одлуката на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се ажурира текстот на заедничкиот став за поглавјето 35, кое се однесува на прашањето за Косово и Метохија. Со ова признавањето на независноста ќе стане официјален услов Србија да стане членка на Европската унија. Европски услов.
Македонија тоа веќе го виде кога од билатерален спор помеѓу две држави, Македонија и Бугарија, за кој ЕУ тврдеше дека не може како таков да биде критериум за почеток на преговорите, со согласност ан Македонија од билатерален стана европски случај и ние загубивме преговарачки статус, и со согласност од Скопје сега е услов за почеток на преговоите. Ставот на ЕУ се смени за само неколку години.
За случајот Косово, меѓутоа, кога почнаа официјалните преговори со Брисел, прашањето за признавање на Косово не беше услов, иакор тоа го кажуваа и комесарите за проширување на ЕУ со години.
Единственото нешто што отворено се бараше од Србија е соработка со Хашкиот трибунал.
Еврокомесарот за проширување <b>Оли Рен</b> своевремено изјави дека “<b>европската интеграција на Србија и прашањето за статусот на Косово се два посебни процеси, прецизирајќи дека во оваа смисла прифаќањето на мисијата ЕУЛЕКС не е услов за понатамошниот пат кон ЕУ“.</b>
„<b>Мојата цел е да се избегне каква било поврзаност меѓу пристапот на Србија кон Европската унија и статусот на Косово. Се надевам дека и другите ќе гледаат на тоа така. Но, очигледно, тоа се политички одлуки кои ќе имаат влијание</b>“, рече Рен во 2009 година.
За време на посетата на Белград истата година, тогашниот потпретседател на САД, а денес претседател <b>Џозеф Бајден</b> изјави дека дошол во Србија со јасна порака дека Вашингтон силно го поддржува членството на Србија во ЕУ.
„<b>САД не очекуваат Србија да ја признае независноста на Косово. Ова не е предуслов за нашата поддршка Србија да стане дел од ЕУ. САД ќе продолжат да инсистираат Србите на Косово да добијат најголема можна заштита и очекуваат Србија да соработуваме со ЕУ и со другите меѓународни фактори во Косово</b>“, рече Бајден.
Во 2009 година, високиот претставник на Европската унија, <b>Хавиер Солана</b>, изјави дека освен целосна соработка со Хашкиот трибунал, нема други услови во процесот на европската интеграција на Србија.
„<b>Признавањето на независноста на Косово и членството во НАТО не се предуслови Србија да стане членка на Европската унија</b>“, тврдеше Хавиер Солана во интервју за Б92 во 2009 година.
Србија нема да биде условена со признавање на Косово, изјави шефот на француската дипломатија <b>Бернар Кушнер</b> за време на неговата посета на Србија во 2010 година.
„<b>Не постои никаков предуслов за Србија да ја признае независноста на Косово и да стане членка на Европската унија. Но, постои неопходност овие две работи да се одвиваат паралелно. И да се работи на изнаоѓање компромис</b>“, рече Кушнер.
И следниот еврокомесар за проширување, <b>Штефан Филе</b>, го уверуваше Белград дека признавањето на независноста на Косово не е услов за добивање статус на кандидат за членство во ЕУ.
„<b>Ставот на Европската комисија е добро познат дека признавањето на Косово не е официјален услов во процесот на европска интеграција на Србија</b>“, рече Филе во 2011 година.
Дури во 2017 година, на средбата на еврокомесарот за проширување, <b>Јоханес Хан</b>, и тогашниот претседател на Србија Томислав Николиќ беше кажано дека Србија со нерешениот статус на Косово <b>нема да биде примена во ЕУ</b>. Но, и тогаш признавањето на независност Косово не беше официјално барање од Брисел.
Да потсетиме, на меѓувладината конференција во 2014 година, Белград и Брисел <b>потпишаа декларации и преговарачка рамка во која беа дефинирани 49 точки што Србија мора да исполни за да стане членка на ЕУ</b>.
Наведена е точната процедура, како и кој сите учествува во преговорите за членство, но се прави резерва дека поглавјата од преговорите не мора да се отвораат по нумерички редослед.
<b>Што значи вклучувањето на Охридскиот договор во преговарачката рамка?</b>
Точката на сопнување во преговорите е гаранцијата на ЕУ, стара над десет години, дека на Косово ќе се форммира Заедница на српските општини што, до ден денес не е сторено.
Прашањето за Косово во преговарачката рамка се најде во поглавјето 35 со наслов „други прашања“. Интересно е што во заедничкиот став на ЕУ за споменатото поглавје 35 од 2014 година, Косово е означено со ѕвездичка и во ниту еден документ не е побарано Србија да ја признае нивната независност.
Сега тоа ќе се смени, властите на ЕУ од Брисел користат право да ја сменат преговарачката рамка среде преговори.
Во документот потпишан во Брисел во 2014 година, се наведува дека во текот на целиот процес, притоа почитувајќи ги правилата и процедурите, Европската комисија „може да ги ревидира критериумите“, вклучувајќи го и претходно споменатото Поглавје 35, кое го регулира процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
Значи, формално, Брисел има право да го вклучи Охридскиот договор во преговорите, со согласност на сите членки на ЕУ. Тоа што е поставено како рамка за преговори не значи дека ќе биде и обврска за теми на преговорите. Европската унија ни во овој случај не остана зад својот потпис и изјави, како се менуваат властите се менуваат и нивните позиции и принципи.
Косово, наскоро, ќе стане членка на Советот на Европа, институција во која членуваат сите држави од Европа, па и некои вон европскиот континент како Азарбејџан, Грузија и Ерменија освен Белорусија. Косово ќе биде единствен член, држава, која не е признена како таква од Обединетите нации па и од неколку земји на ЕУ како Грција, Романија, Словачка или Шпанија.
Советот на Европа е меѓународна организација чија цел е да ги поддржи човековите права, демократијата и владеењето на правото во Европа. Основана е на 5 мај 1949 година во Лондон, додека седиштето на организацијата денес е во Стразбур. Се состои од 46 земји-членки, со население од над 675 милиони.
Организацијата се разликува од Европската унија (ЕУ), иако луѓето понекогаш ги мешаат двете организации. Ниту една држава никогаш не се приклучила на ЕУ без претходно да припаѓа на Советот на Европа.Советот на Европа е официјален член-набљудувач на Обединетите нации.