logo
logo
logo

СЕ НАЈДЕ ЛИ ЧАРЕ ЗА ГУЖВИТЕ на Евзони - Грција ќе поставува модуларни пунктови

Vecer | 16.06.2026

СЕ НАЈДЕ ЛИ ЧАРЕ ЗА ГУЖВИТЕ на Евзони - Грција ќе поставува модуларни пунктови

На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија на биометриската регистрација, но и на одлуката да се постават модуларни контролни пунктови на Евзони со кои една сообраќајна лента се претвора во две, со цел да се скрати времето на чекање, се осврна заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија Константинос Гиулекас, говорејќи на конференција за туризмот во организација на грчкиот информативен портал „Ворија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Гиулекас ја спомена надградбата на граничниот премин Кипи кон Турција што е во тек и планот за надградба на Евзони кон нашата земја, објаснувајќи дека додека не се заврши модернизацијата немаат голема флексибилност, но се обидуваат да најдат привремени решенија.

– Таму, во соработка со Министерството за заштита на граѓаните, кое е надлежно за спроведување гранични проверки, поставуваме други модуларни контролни пунктови, односно дополнителни контролни точки и едната сообраќајна лента ја прошируваме во две. Секако, сето ова е точно на границата на можностите што постојат, бидејќи немаме поголема флексибилност сè додека целосно не се модернизира и граничниот премин Евзони и додека не се создадат услови за користење на дополнителни инфраструктурни капацитети. Таа можност не постои, па затоа се обидуваме на секој начин да го скратиме времето што е потребно за контрола, со цел побрз влезе во нашата земја, објасни Гулекас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk