Србија до 15 јули ќе ја почне првата фаза од производството на хуманоидни роботи, односно нивното склопување, додека следните чекори ќе се однесуваат на фабриките за податоци и употребата на вештачка интелигенција, најави српскиот претседател Александар Вучиќ за време на постата на Кина
-За два месеца ќе имаме хуманоидни роботи. Никој во Европа ги нема. Денес видовме некои работи што ќе нè спасат во иднина. За ова живеете, 500 наши луѓе ќе доаѓаат тука на обука. Исклучително сум благодарен на Минт, кој вработува 2.600 луѓе, како и на Линглонг- рече Вучиќ.
Вучиќ, исто така, објави дека Србија ќе има роботи насекаде на специјализираната изложба Експо.
Српскиот министер за финансии Синиша Мали кој исто така е во Кина на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледаат роботи како го играат српското оро „Моравац“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата