logo
logo
logo

Летачки автомобили во Србија: Вучиќ го открива датумот

Vecer | 03.09.2025

Летачки автомобили во Србија: Вучиќ го открива датумот

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Пекинг изјави дека денес разговарал и за летачките автомобили што ќе пристигнат во Србија следната година!

Вучиќ рече дека денес се сретнал и со претставници на кинеската компанија Xpeng, која се занимава со развој на летачки автомобили.

Им ветив на луѓето, сите ми се смеевте во Србија кога зборував за тоа, и очекувам во Кина да добијат лиценца за летачки автомобили, кои сега вредат околу 300.000 долари тука, што значи некои 260.000-270.000 евра. Верувам дека до 1 декември следната година ќе можеме да покажеме како функционираат летачките автомобили на територијата на Република Србија и дека ќе имаме примена и употреба на летачки автомобили, исто како што ветив за време на специјализираниот саем во нашата земја изјави Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk