Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, предупреди дека Западот спроведува стратегија на „раздели па владеј“ на Балканот со цел да предизвика раздор меѓу Република Српска и Србија. Според него, крајната цел на ваквата политика е воспоставување целосна контрола врз регионот и слабеење на единството на српскиот народ.
Грушко во изјава за порталот „Вести“ посочи дека ништо не е променето во пристапот на западните сили, кои преку обидите за раздвојување на Белград и Бања Лука, настојуваат да го олеснат своето влијание врз поширокиот простор, вклучувајќи ја и контролата кон Црноморскиот регион.
„Западот се обидува да ги скара Србија и Република Српска за да преземе контрола врз Балканот преку стратегијата ’раздели па владеј‘“, истакна Грушко.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата