logo
logo
logo

Црна Гора со најевтини ГОРИВА во регионот

Vecer | 03.10.2022

Црна Гора со најевтини ГОРИВА во регионот

Според објавата на црногорската Влада, горивата во земјата се со најниски цени во регионот.

На својот инстаграм-профил Владата во Подгорица објавува дека литар бензин “Супер 95” во земјата чини 1,26 евра, 1,35 евра во Словенија, 1,37 евра во Северна Македонија, 1,39 евра во Хрватска, 1,46 евра во Босна и Херцеговина, 1,48 евра во Србија, 1,69 евра во Албанија.

„Цената на еден литар бензин “Супер 98” во Црна Гора е 1,30 евра, во Северна Македонија – 1,40 евра, во Хрватска – 1,46 евра, во Србија – 1,65 евра, во Босна и Херцеговина – 1,67 евра и во Словенија – 1,70 евра“, велат од црногорската Влада.

Со цена од 1,48 евра за литар дизелот е најевтин во Црна Гора и во Северна Македонија, додека останатите цени во регионот се движат од 1,52 евра во Хрватска, 1,60 евра во Словенија, 1,64 евра во Босна и Херцеговина, 1,83 евра во Србија, 1,88 евра во Албанија до 1,90 евра во Косово.

„Ги поддржуваме и граѓаните и економијата“, се додава во инстаграм објавата на црногорската Влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk