logo
logo
logo

Црна Гора ја ограничи цената на лебот и дели масло за јадење на сиромашните

Vecer | 23.07.2021

Црна Гора ја ограничи цената на лебот и дели масло за јадење на сиромашните

Црногорската влада ја ограничи цената на белиот леб на 50 центи во четвртокот и донесе одлука за дистрибуција на 64,000 литри масло за јадење на сиромашните граѓани за да се намали ударот врз животниот стандард.

Во последните денови Црна Гора бележи пораст на цените на основните прехранбени производи, така што потрошувачката корпа за четиричлено семејство порасна на 656,90 евра, а просечната плата е нешто повеќе од 500 евра.

Тоа е одговор на наглиот скок на цените на стоките,со што Владата се однесува одговорно во услови на криза, не намалувајќи ги платите и пензиите и помагајќи им на социјално загрозените групи, соопшти владата.

Опозицијата вели дека потегот укажува на тешка криза која потсетува на 90-тите години на минатиот век.

„Неповолната економија, повампирениот национализам и општата состојба во земјата е декор што нè потсетува на враќање во 90-тите години на минатиот век, кога граѓаните чекаа во ред за дистрибуција на основните прехранбени производи поради санкциите и инфлацијата“, велат од Демократската партија на социјалистите на Џукановиќ.

БДП минатата година падна за 15,2 проценти, пред се поради влијанието на пандемијата врз туризмот, што претставува петтина од националната економија.

Според предвидувањата на Европската банка за обнова и развој, Црна Гора годинава треба да оствари раст од 8,5 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk