Епидемија на чума на овци и кози, позната и како Peste des Petits Ruminants, или PPR, за прв пат е откриена на 11 јули во регионот Тесалија, централна Грција, и е многу заразна за овците и козите, но не влијае на луѓето.
Министерот за земјоделство Костас Циарас воведе забрана за движење на кози и овци низ целата земја за да се спречи ширењето на болеста и да се искорени чумата.
Грција потврди 22 случаи на чума кај животните, од кои 20 се откриени во Тесалија, Централна Грција, еден во Коринт, Пелопонез и еден во Атика.
Според европските упатства, сите животни во погодените единици мора да бидат уништени, проследено со дезинфекција и карантин.
Над 10.768 животни се заклани, откако првиот случај беше откриен во јули и се очекува наскоро да бидат убиени уште 2.000.
Фармерите и официјалните лица рекоа дека болеста најверојатно била донесена во земјата од увезена стока.
„Мерките кои се во сила од минатата недела во однос на транспортот, движењето и колењето на животните ќе бидат продолжени за уште една недела и мислам дека ова ќе биде навистина важен чекор, бидејќи транспортот на животните е тој што претставува најголем ризик за ширење на болеста“, рече Костас Цијарас, министер за земјоделство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата