Како што дознава Телеграф, на човекот одеднаш му се слошило, се струполил на бетонот, а присутните повикале брза помош.
-Трагедијата се случила околу девет часот утринава, маж дошол да пазарува, но му се слошило пред да влезе во хипермаркетот. Лицата кои се нашле таму повикале брза помош, но лекарскиот тим можел само да констатира смрт - велат соговорници запознаени со овој случај.
Со оглед на тоа дека се работи за смрт на јавно место, информирана е и полицијата. Полициската патрола веднаш излегла на местото на настанот, констатирано е дека нема сомнителни околности кои би упатувале дека мажот е жртва на кривично дело.
Според неофицијални информации, починатиот бил хронично болен, но се верува дека горештините придонеле за неговата смрт, бидејќи во Ниш со денови се бележат екстремни температури, па на улица треба да излезат само оние кои мораат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата