logo
logo
logo

Четворица работници повредени во ескплозија во погонот за артилерија во фабриката Слобода

Vecer | 18.10.2024

Четворица работници повредени во ескплозија во погонот за артилерија во фабриката Слобода

Едно лице е тешко повредено и е згрижено во болницата во Чачак, а три други лица се здобиле со полесни повреди. Од болницата во Чачак соопштија дека на итна помош е примен 36-годишен маж со изгореници на лицето и вратот и повреда на десната рака и дека е сместен на одделението за интензивна нега.

Според неофицијални информации, експлозијата се случила во артилерискиот оддел на воената фабрика во Чачак, каде што на производствена лента експлодирал проектил.

Во фабриката „Слобода“ пред три години имаше експлозија, но тогаш немаше повредени работници.

Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ изјави дека најважно е повредените во експлозијата од утринава во фабриката „Слобода Чачак“ да закрепнат и што поскоро да се вратат кај семејствата и на работа.

- Најважно е луѓето да се добро. Тоа е бизнис со висок ризик. Се надевам дека луѓето ќе бидат добро. Инаку, 'Слобода Чачак' е многу добро организирана и една од најдобрите фабрики со добар асортиман. Тоа им се случува и на најискусните работници, за жал, рече премиерот Вучевиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk