logo
logo
logo

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА КРИМИ-ПОЛИЦИЈАТА во Белград

Vecer | 18.05.2026

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА КРИМИ-ПОЛИЦИЈАТА во Белград

Немања Ѓуран, поранешен началник на Управата на криминалистичката полиција на Србија, е приведен и сослушан на информативен разговор во врска со убиството на Александар Нешовиќ – Баја, кое се случи на 12 мај во ресторан во белградската населба Сенјак, пренесува „Нова“.

Според неофицијални информации од истрагата, Ѓуран по разговорот бил пуштен, а приведен е бидејќи во ноќта на убиството се слушнал со осомничените, а тоа не го пријавил во полицијата. Жртвата инаку во минатото се поврзуваше со познатата „Група на Кека“.

Вишото јавно обвинителство во Белград веќе поведе официјална истрага со која се опфатени вкупно десет лица. Директно за извршување на кривичното дело тешко убиство, во соизвршителство со недозволено носење оружје и предизвикување општа опасност, се товарат Саша В. и Марио С., додека сопругата на првоосомничениот, Данка В., одговара за нелегално оружје. Останатите седум лица, меѓу кои се Веселин М., Бобан М., Саво С., Петко П., Вук Ш., Ненад Л. и Дејан С., се сомничат за кривичните дела помагање на сторител по извршено дело и непријавување на кривичното дело и сторителот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk