logo
logo
logo

Бугарските социјалисти му „откажаа љубов“ на Петков поради протераните руски дипломати

Vecer | 29.06.2022

Бугарските социјалисти му „откажаа љубов“ на Петков поради протераните руски дипломати

Мислењето на социјалистите може уште повеќе да ја доближи оваа земја-членка на Европската унија и НАТО до нови избори наесен, четврти од април 2021 година.

Проруските социјалисти сметаат дека е неприфатливо протерувањето на дипломати поради сомневање за шпионажа.

„Ги прекинуваме сите преговори со партијата ПП за формирање нова влада“, изјави лидерот на социјалистите и вицепремиер во заминување, Корнелија Нинова.

„Одлуката за протерување на 70 руски дипломати е без преседан... Сметаме дека е целосно неприфатлива“, рече таа.

Нинова рече дека одлуката на Петков за протерување на Русите е донесена без одобрение од владата и дека нејзината партија може да се врати на преговарачка маса за формирање нова коалициска влада со ПП, доколку Петков не биде предложен за премиер.

Претседателот Румен Радев, кој не се согласува со реформскиот премиер во заминување, одби да ги коментира протерувањата на Русите, велејќи дека нема доволно детални информации, но рече дека се надева дека Петков ги разгледал можните последици.

Пред сослушувањето зад затворени врати во парламентот за протерувањата, Петков рече дека одлуката е донесена по седницата на Советот за државна безбедност на 9-ти јуни и три извештаи на тајните служби од мај и јуни.

„Се чини дека има недоразбирање. Јас не донесов одлука за тоа што се случи“, им изјави Петков на новинарите.

Неговата владејачка партија ПП се обидува да освои мнозинство за нова влада по гласањето недоверба на неговата влада минатата недела, но аналитичарите се скептични дека тоа ќе успее дури и пред да одлучат социјалистите.

По нападот на Украина, Петков зазеде невообичаено силен антируски став за земја која дели културни, верски и историски врски со Русија и која со години привлекува руски туристи. Тој не го коментирал ставот на социјалистите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk