logo
logo
logo

Бугарите побараа од Русите: Повлечете се! Добија одговор - СУСПЕНДИРАМЕ

Vecer | 28.06.2022

Бугарите побараа од Русите: Повлечете се! Добија одговор - СУСПЕНДИРАМЕ

Руската амбасада во Бугарија соопшти дека ја прекинува работата на конзулатот во Софија и на Генералниот конзулат во Варна.

Генералниот конзулат во Русе ќе биде затворен во рок од еден месец.

Одлуката беше изнудена откако бугарската влада денеска објави дека протерува 70 руски дипломати од земјата.

Кога на тоа ќе се додадат и членовите на нивните семејства, околу 200 руски државјани ќе треба да ја напуштат Бугарија до 3 јули, поради што во моментов работата на руската амбасада е блокирана, пренесува Тас.

Да потсетиме, бугарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека побарало од Русија до 3 јули да повлече 70 членови на дипломатскиот персонал, со образложение дека Русија треба да го намали бројот на персоналот во амбасадата за да се усогласи со бугарската мисија во Москва.

Беше наведено дека првата причина за таквото барање е реципроцитет, пренесува Ројтерс.

„Втората причина се активностите на руските функционери, за кои надлежните бугарски власти утврдија дека не се во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во соопштението.

Фото: Olivier Matthys 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk