logo
logo
logo

Бугарија оди на шести избори за три години

Vecer | 28.03.2024

Бугарија оди на шести избори за три години

 Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека во наредните неколку дена активно ќе разговара со сите потенцијални кандидати кои ќе треба да состават техничката влада за организирање на избори. Единствено нешто што засега е нејасно е само дали изборите ќе се одржат во ист ден со европските на почетокот на јуни или пак, бугарите ќе одат на гласање два пати за кус временски период.

-Започнувам средби со сите потенцијални премиери. Денеска или утре ако треба и за викендот. Го одложив и мојот напорен меѓународен распоред за следните 10 дена, кој вклучуваше и посета на странски претседател и моите официјални посети во странство. Како што изјавив и вчера, ќе направам се што е можно тој процес за формирање на техничка влада да биде забрзан,- - Румен Радев – Претседател на Бугарија.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов пак, го повика претседателот да не именува технички премиери од редовите на неговата партија, бидејќи не сака да се даде впечаток дека тие владејат со земјата во периодот пред изборите. Неговиот ривал пак, Кирил Петков пак, побара фокусот да биде ставен на организирање европските и парламентарните избори во ист ден.

-Единственото нешто на кое опстојувам, а никако нема да го дозволам е тоа да е Росен Желјазков (за технички премиер). И навистина се надевам дека претседателот нема да го именува ниту Димитар Главчев, бидејќи тие на некој начин би биле поврзани со ГЕРБ. Бидејќи целата кампања ќе помине како ние да управуваме. Ние управувме откако ќе добиеме избори,- - Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ.

-Враќањето денеска на (мандатот) дава можност за 2 во 1 избори и да се заштедат 100 милиони за бугарските даночни обврзници. Барем тоа да го направиме.  Така што, во моментот претседателската институција, во разговорите со потенцијалните идни технички премиери да не ја испуштиме датата да може да се случат 2 во 1 (избори),- - Кирил Петков – Продолжуваме со промената.

Бугарија изминатите неколку години беше управувана од серија на технички влади поради не можноста на политичките партии да формираат стабилно мнозинство во парламентот. На тоа барем навидум се стави крај по формирањето на коалицијата меѓу ГЕРБ и Продолжуваме со промената чија договорена ротација на премиерската функција на девет месеци и составот на владата се претвори во фијаско.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk