logo
logo
logo

Бугарија ја укинува таксата на руски гас, сакаат да се приклучат кон Шенген зоната

Vecer | 11.12.2023

Бугарија ја укинува таксата на руски гас, сакаат да се приклучат кон Шенген зоната

Воведувањето на тој данок предизвика загриженост во цела Југоисточна Европа, поради што Унгарија го нарече потегот на Бугарија „непријателски“ и ја повика ЕУ да спроведе истрага. Овој данок неминовно доведува до поскапување на гасот, објави Блумберг.

Бугарија сега планира да ги промени законите за укинување на даноците, рекоа Бојко Борисов и Кирил Петков, поранешни премиери и лидери на двете најголеми партии во земјата. Ова го изјавија пред состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од Централна и Источна Европа што се одржува во Словенија, а на кој ќе се разговара и за Шенген и за борбата против нерегуларната миграција.

„Не смееме да ја пропуштиме оваа шанса поради такса. Добрососедските односи секогаш ни биле многу важни“, рече Борисов.

Да потсетиме, во неделата во Ниш беше означен почетокот на работата на гасниот интерконектор Србија-Бугарија, на кој присуствуваа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Бугарија и Азербејџан, Румен Радев и Илхам Алијев, пренесе Курир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk