logo
logo
logo

Бугари шверцувале новороденчиња: На сиромашните мајки им ветувале 3.000 евра

Vecer | 06.05.2021

Бугари шверцувале новороденчиња: На сиромашните мајки им ветувале 3.000 евра

Од обвинителството навеле дека маж и жена, чиј син веќе е во притвор во Бугарија, се уапсени на 29-ти април на југозападот на Германија, и дека наскоро ќе бидат екстрадирани.

Брачниот пар од Бугарија, по кој полицијата трагала поради шверцување на новороденчиња во Грција, бил уапсен во Германија, соопштило државното обвинителство во Софија.

За осомничените во февруари бил издаден европски налог за апсење поради сомнение за учество во организирана криминална група која на грчка територија шверцувала новороденчиња.

Од обвинителството навеле дека мажот и жената, чиј син веќе е во притвор во Бугарија, се уапсени на 29-ти април на југозападот на Германија, и дека наскоро ќе бидат екстрадирани.

На сите им се заканува казна затвор од 5 до 15 години.

Обвинети се дека од 2015-та година во Бугарија наоѓале бремени жени од сиромашни средини и им ветувале дека ќе им дадат 2.500 до 3.500 евра. Потоа го носеле во Атина и пред пораѓањето ги сместувале во стан.

"Неколку дена по породувањето децата биле продавани на локални шверцери, кои, најверојатно припаѓале на меѓународна мрежа за трговија со новороденчиња", наведува обвинителството.

Утврден е идентитетот на девет жени чии деца биле родени и продадени во Грција, а кои потекнувале од сиромашни средини.

Трговијата со новороденчиња, која прво била присутна во ромските населби во околината на Бургас, на истокот на Бугарија, овие години се проширила и на други делови од земјата, а најчесто одредиште е соседна Грција.

Бавноста во постапката за посвојување, која знае да потрае и по пет години, поттикнала многу кандидати да посегнат по ваква илегална трговија.

Благодарение на законот од 2018-та година, времето за чекање е скратено, но мрежите се уште делуваат бидејќи се полесно решение за оние кои не успеваат да посвојат дете на законски начин.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk