logo
logo
logo

БРУТАЛНОТО ТЕПАЊЕ во српското собрание снимено одблизу (Видео)

Vecer | 04.03.2025

БРУТАЛНОТО ТЕПАЊЕ во српското собрание снимено одблизу (Видео)

Колкави се размерите на хаосот што настана денеска на пролетната седница на Народното собрание најдобро покажува видеото од тепачката одблиску. На него се гледа како пратениците брутално се влечени, тепани, па дури и гушени. Сред сето ова се фрлаа димни бомби и меѓусебно се полеваа со вода.

Во Националното собрание се случи голем инцидент. Некои пратеници меѓусебно си фрлаа „димни бомби“.

Нередите избија кога пратеникот на Зелениот лев фронт (ЗЛФ) Радомир Лазовиќ се упати кон говорницата, но беше спречен од собраниското обезбедување. Пратеничката на ЗЛФ Билјана Ѓорѓевиќ го следеше, по што следуваше инцидент со туркање.

Потоа пратениците од опозицијата запалија факли, а собраниската сала се наполни со чад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk