logo
logo
logo

Бројот на загинатите од поплавите во Словенија се искачи на шестмина

Vecer | 07.08.2023

Бројот на загинатите од поплавите во Словенија се искачи на шестмина

Четири дена по главниот воден бран, дел од граѓаните ги посетија домовите или она што остана од нив. Савињска долина, како што пренесе словенечката национална телевизија, е речиси отсечена од цивилизацијата и постојано под опасност од свлечишта, кои сега се најголемата закана за погодените области.

-Сите објекти, нови објекти се неупотребливи. Уништена е целата механизација од последниве 10 години. , вели жител на Савињска долина

-Страшно беше, страшно. Едвај се спасивме. , вели жителка на Савињска долина

-Сѐ се случи за само еден момент, вели жителка на Савињска долина

Во меѓувреме, бројот на жртви во поплавите се искачи на шест, откако две безживотни тела, едно на маж кој работел на санирање на штетите и уште едно тело во надојдената река Теменица беа пронајдени во последното деноноќие. Без струја се над три илјади домаќинства, најмногу во регионот на Цеље. Најкритично е во Помурје и Корушка, каде се затворени десетици патни правци. Добра вест е што нивото на реката Мура почна да опаѓа, иако водата постојано поплавува куќи и подруми. Сите погледи и натаму се насочени кон небото, исто како и во соседна Хрватска, каде состојбата е исклучително критична. Драва, Мура и Сава синоќа ги достигаа рекордни нивоа, а во повеќе области на северот на земјата е прогласена вонредна состојба.  

-Успеавме да одбраниме 25 км. долж реката Сава која минува низ Ругбица. Најкритично беше во село Хрушица, каде почна да попушта насипот. Сава опаѓа по 4 см., вкупно 10 и сега сме на 940 см. , вели Мато Чачак, началник на О.Ругбица

Словенечкиот премиер Голоб оцени дека неговата земја се соочува со најтешката природна катастрофа досега, а оти штетите ќе надминат половина милијарди евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk