logo
logo
logo

Бројот на загинати во катастрофалните поплави во БиХ се зголеми на 21 лице

Vecer | 04.10.2024

Бројот на загинати во катастрофалните поплави во БиХ се зголеми на 21 лице

Најмалку 16 лица од областа на северна Херцеговина во моментов се водат како исчезнати, откако е потврдено дека исто толку луѓе загинале само во областа Јабланица, изјави вечерва премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, пренесе Индекс.

Спасувачките екипи цел ден се обидуваа да ги расчистат урнатините во селото Доња Јабланица, каде се уништени или оштетени десетици куќи, а Никшиќ вечерта потврди дека во урнатините се пронајдени голем број тела, но дека многу луѓе се исто така исчезнати.

„Според информациите што ги имам, 16 лица загинаа во Јабланица, а 12 се водат за исчезнати. Едно лице загина во Бутуровиќ Поље, а се трага по четворица. Меѓутоа, проблемот се местата до кои не се стигнати“, изјави тој за  порталот „Дневни аваз“.

Потоа, медиумите објавија дека е пронајдена уште една жртва во Јабланица, со што бројот на загинатите во тоа место се искачи на 17.

Никшиќ ситуацијата на тие локации ја опиша како критична, додавајќи дека сето тоа е голема трагедија.

Најмалку три лица се пронајдени мртви во областа Фојница во централна Босна, соопшти Министерството за внатрешни работи на Кантонот Централна Босна. Станува збор за двајца мажи и една жена.

Поради тешката состојба во поплавените подрачја на северот на Херцеговина и во централна Босна, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) вечерва одржа вонредна седница на која процени дека во недела не може да се одржат локални избори во овие подрачја.

На седницата одржана во Сараево, одлучија дека засега ќе биде стопирана испораката на гласачки материјали до општините погодени од поплавите.

Одлуката е донесена за Јабланица, Коњиц, Фојница, Кисељак, Крешево, Бреза, Високо, Прозор-Рама, Бихаќ и градот Мостар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk