logo
logo
logo

ВИДЕО

Брнабиќ ја повика меѓународната заедница да реагира на НОВИТЕ ПРОВОКАЦИИ

Vecer | 13.10.2021

Брнабиќ ја повика меѓународната заедница да реагира на НОВИТЕ ПРОВОКАЦИИ

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ ја повика меѓународната заедница да реагира на, како што наведе, новите провокации на Приштина.

Како што беше објавено на веб -страницата на Владата на Србија, Брнабиќ ја повика меѓународната заедница, НАТО и КФОР итно да реагираат „и да го воздржат Албин Курти“.

Таа посочи дека ситуацијата е повеќе од драматична и дека „ова е последен момент во кој е неопходна јасна реакција за да се запре лудата политика што ја води Приштина“.

– Ваквото однесување ја надмина секоја мерка и не носи на работ на хаос, предупреди Брнабиќ.

 

Снимен моментот кога на Србин на Косово му пукаа во грб: Се бори за живот во болницата во Митровица

Човекот кој беше ранет со огнено оружје кога косовските специјални полициски сили отворија оган на северот од Косово е Среќко Софрониевиќ од Звечан, објавија српските медиуми. Тој бил погоден во грб по што куршумот преку белодробното крило му излегол кај градите.

Поради сериозноста на повредите, Среќко е итно префрлен во болницата во Митровица каде што се бори за живот.

За време на интервенцијата на специјалните сили РОС, повредени се и десетици други Срби.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, ја повика меѓународната заедница и КФОР да реагираат и да ги заштитат Србите на Косово.

Реакција стигна и од шефот на европската дипломатија, Хозеп Борел, кој повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk