Лифтот кој пристигнал од Подгорица го извлекол автобусот од бездната. Од Службата за заштита и спасување од Подгорица за порталот РТЦГ информираат дека под автобусот не се пронајдени повеќе тела, како што претходно се стравуваше.
Како што соопшти дежурната обвинителка Анѓа Радовановиќ, едното починато лице е државјанин на Велика Британија, а другото женско лице е неидентификувано.
Дежурната државна обвинителка Анѓела Радовановиќ соопшти дека на лице место излегла со вештаци од машинската и сообраќајната струка.
„Утврдивме дека 22 се повредени, девет се префрлени во КЦЦГ, двајца починале. Возачот моментално се наоѓа во болницата во Цетиње, по што поради повредите ќе биде префрлен во КЦЦГ“, изјави Радовановиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата