logo
logo
logo

Борисов: Русија да престане да нè шпионира

Vecer | 21.03.2021

Борисов: Русија да престане да нè шпионира

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, коментираше за апсењето на шпионска група, осомничена дека работела за Русија.

Тој рече дека Бугарија цврсто ќе ги брани својата безбедност и независност и им честиташе на обвинителството и на специјалните служби за работата што ја завршиле, пренесува БТА.

„Ова е уште еден случај во кој Бугарија ќе мора да ги прогласи руските дипломати за ‘персона нон грата’. Сакам да ја искористам оваа можност да им кажам на нивните водачи да престанат да шпионираат во Бугарија“, рече Борисов.

Бугарското обвинителство на 19 март објави дека е приведена група лица осомничени за шпионажа во корист на Русија.

Беше наведено дека меѓу уапсените има и воени лица, како и претставници на Министерството за одбрана или воената разузнавачка служба, а уапсена е и сопругата на наводниот организатор на групата, која имала бугарско и руско државјанство.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk