logo
logo
logo

Борисов предложи четирикратна коалиција за влада на чело со него на премиерската позиција

Vecer | 11.11.2024

Борисов предложи четирикратна коалиција за влада на чело со него на премиерската позиција

Тој прв пат јавно предложи формирање четирипартитна коалиција во која покрај ГЕРБ, би влегле и Продолжуваме со промените (ПП – ДБ) на Петков, Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Има таков народ (ИТН). Таква Влада, како што рече Борисов, може да води само тој како премиер.

-Може да се направи Влада без ДПС НН и Пеевски, без АПС на Доган, за жал без Преродба затоа што сме од многу различни идеолошки семејства, и без МЕЧ. Сите останати можат да направат Влада – ГЕРБ-СДС, ПП-ДБ, БСП и ИТН. Тоа е нешто исклучително сложено во оваа ситуација како што и самите вие забележувате. Таква влада може да раководам само јас. Тоа не ми е гест, тоа е повеќе саможртва - 18 милијарди долг. – Бојко Борисов – ГЕРБ

Предлогот на Борисов експресно го отфрли втората по големина партија на изборите, Продолжуваме со промените.  

-Со Борисов премиер? Да зборуваме сериозно.... Јас мислам дека тоа јасно го кажавме и во кампањата и мислам дека нашите гласачи тоа го поддржаа. – Асен Василев – Копретседател на ПП

Останатите партии засега не го коментираат предлогот за состав на Влада на Борисов. Колку се поделени партиите зборува и фактот дека денеска тие не успеаја да изберат претседател на Собранието.  Бугарскиот претседател Румен Радев порача дека очекува нов претседател на собраниетон пред воопшто да почнат конултациите за состав на Влада.

-Многу е важно да се види како ќе се развиваат процесите во Националното собрание денеска. Формирањето влада почнува со избор на претседател на парламентот, за соодветно да започнат и консултациите со партиите за влада. На консултациите може да се разговара за парламентарна математика. – Румен Радев – Претседател на Р. Бугарија

За формирање влада, неопходно е мнозинство од 121 пратеник во 240 члениот парламент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk