logo
logo
logo

Борисов нема да биде пратеник, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ БИДЕ И ПРЕМИЕР

Vecer | 08.04.2021

Борисов нема да биде пратеник, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ БИДЕ И ПРЕМИЕР

Борисов се откажува од пратеничкиот мандат и вели дека иако тој ги добил лидерските битки во двата повемандатни региони во кои е избран (Софија и Пловдив), тој нема потреба да ужива пратенички имунитет.

-ГЕРБ победи на изборите во 24 од 31 региона, а моите политички противници во 3, 2 и 1. Изборите се одржуваат со цел да се формира влада и да се има стабилна влада, за да може да се спроведе тоа што го велат политичарите. Ајде почитувајте се едни со други – зад секој политичар стојат гласовите на многу луѓе, повика Борисов.

Борисов преку видео-стрим на својот Фејсбук профил објави дека поднел изјава до Централната изборна комисија, со која се изјаснува дека одбива да биде пратеник во новиот состав на бугарскиот Парламент во Софија.

Оваа изјава стана вирална по посетата на Борисов на манастирот Рила, каде разговараше со неговиот игумен Евлогиј и изврши инспекција на градежните поправки на патот кон Рилскиот манастир, што беше затворен поради лизгање на земјиштето.

Во утринскиот блок на БНТ, познат пратеник од ГЕРБ, Тома Биков, соопшти дека нивната партија е подготвена да предложи пет кандидати за премиерското место. Според Биков, ГЕРБ сега почнува да го одредува составот на својот преговарачки тим за консултации во новоизбраниот бугарски Парламент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk