logo
logo
logo

БИТКА ЗА ВУКОВАР 30 години подоцна, уште една жестока војна, но во видео игра

Vecer | 17.11.2021

БИТКА ЗА ВУКОВАР 30 години подоцна, уште една жестока војна, но во видео игра

Хрватите смислија видео игра во која се обидуваат да ги прикажат конфликтите од 1990-тите.

Триесет години по националните конфликти на територијата на поранешна Југославија, потребата за реанимирање на историјата во соседството изгледа го достигна својот врв.

Имено, група амбициозни хрватски програмери, кои не се ни родени во времето на споменатите конфликти, создадоа видео игра со фокус на воените конфликти на почетокот на 1990-тите. Основата на целиот проект е битката за Вуковар, како што самата игра го добила своето име.

Самиот проект наиде на голема поддршка во Хрватска, а креаторот гордо изјави за нивната национална телевизија дека ликовите во играта ќе бидат инспирирани од вистински луѓе и настани.

„Играта започнува со тоа што Лука Андријаниќ собори два авиони на ЈНА“, вели Дарко Галиќ, претседател на здружението CRO Game Devs.

„Воената видео игра верно ќе ги прикаже најважните акции и битки, но и историски личности од '91. Целта ни е таа да биде едукативна игра без многу стрелци, но повеќе да опишеме одредени дејствија кои беа во битка за Вуковар.

Најважните настани и најважните луѓе кои ги бранеа тие позиции, односно од Борово насеље до Сајмиште, Митница, Лужац, па дури и селото Богдановци, кои беа предградија на Вуковар“, вели Галиќ.

„Во неговото создавање се вклучија гејмери ​​од целиот свет, а бранителите на Вуковар им пријдоа на помош и ги носеа на локации и раскажуваа настани. – изјави претседателот на здружението за ХРТ.

Според хрватските медиуми, играта се уште е во развојна фаза, а во иднина би требало да се збогати со битки за одбрана на Дубровник, Госпиќ, Карловац, како и операции Флеш и Бура.

Колку ваквите проекти можат да ги подобрат, а колку да ги уназадат меѓуетничките односи, ни беше одбиен одговор, бидејќи CRO Game Devs сè уште не одговориле на нашите прашања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk