logo
logo
logo

Беци: Трговијата со дрога во Албанија ја принуди ДЕА да отвори канцеларија

Vecer | 03.10.2024

Беци: Трговијата со дрога во Албанија ја принуди ДЕА да отвори канцеларија

Во емисијата „Отворено“ на News24 тој рече дека ДЕА интервенира само кога станува збор за трговијата со кокаин и перење пари, додавајќи дека „албанските криминални организации ја потопија Европа со дрога“.

- Трговијата со дрога во Албанија ја принуди ДЕА да отвори канцеларија. Албанија стана проблем и за ДЕА. Ова може да се нарече и неуспех на албанската држава во борбата против кокаинот. ДЕА интервенира само кога станува збор за трговија со кокаин и перење пари, посочи тој.

Според него ако претходно ДЕА имала канцеларија во Атина, сега ќе има и во Тирана, бидејќи „Албанија станала центар за ангажирање „војници“ за криминалните организации, а има и центар за расчистување на кривичните дела. 

Деновиве  шефот на Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал на Албанија, СПАК, Алтин Думани објави дека ДЕА ќе отвори свое претставништво во Тирана.

За време на Меѓународната конференција за борба против дрогата што од 24 до 26 септември се одржуваше во Атина,  тој се сретна со шефицата на Агенцијата за борба против дрога, Ен Милграм.

Двајцата, како што изјави, ја потврдиле соработката меѓу двете структури и се „заложиле за нејзино зајакнување, што ќе кулминира со отворање претставништво на американска агенција за борба против дрога во Тирана“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk