logo
logo
logo

Бегај: Заемно признавање меѓу Приштина и Белград позитивно ќе влијае на безбедноста

Vecer | 23.05.2023

Бегај: Заемно признавање меѓу Приштина и Белград  позитивно ќе влијае на безбедноста

 Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска за време на средбата со американските сенатори Крис Марфи и Гери Питерс во Тирана изјави дека нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, врз основа на взаемно признавање, позитивно ќе влијае на безбедноста и напредокот на Западен Балкан.

Бегај рече дека договорот меѓу Белград и Приштина од Охрид треба да стане правно обврзувачки и меѓународно признат договор. 

Воедно оцени дека Конгресот на САД покажува зголемен интерес за настаните во регионот и додаде дека САД се главниот „стратешки партнер, пријател и сојузник“ за Албанија.

- Високо ги ценам одличните односи со Соединетите американски држави. За Албанија и Албанците, Соединетите држави остануваат главен стратешки партнер и нивен најголем пријател и сојузник, рекол Бегај, пренесуваат од неговиот кабинет.

Тој се фокусирал и на "новите предизвици со кои се соочува регионот на Западен Балкан", како и на "зголемувањето на заканувачките активности од трети актери непријателски настроени кон евроатлантските случувања во регионот".

Американските сенатори освен  Албанија ќе посетат и други држави во регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk