logo
logo
logo

30-тина КАМИОНИ ЗАГЛАВЕНИ НА ЌАФАСАН: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија

Vecer | 25.02.2026

30-тина КАМИОНИ ЗАГЛАВЕНИ НА ЌАФАСАН: Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија

Блокадата на патниот правец Либражд – Прењас поради големо свлечиште продолжува да создава сериозни проблеми во сообраќајот кон југоисточна Албанија, парализирајќи го и граничниот сообраќај со Македонија.

Поради уништување на дел од коловозот на Ќафасан – Елбасан, како и големото оштетување и поместување на мост кај Прењас, сообраќајот е целосно во прекин, а десетици товарни возила се принудени да чекаат неколку дена за да ја преминат границата, објавија медиумите.

За патнички моторни возила се препорачува движење по споредни патишта, но, се препорачува голема внимателност.

Надлежните служби во соработка со службите од соседните земји, работат на изнаоѓање решение со можност транспортните возила да може да поминуваат преку граничниот премин “Блато” кај Дебар, за влез и излез од македонска и албанска страна и преминот “Какавија” со Грција, наведуваат медиумите.

Агенцијата за патишта објави дека според првите проценки неопходна е изградба на нов мост и зафат кој ќе трае подолго за поправка на коловозот.

Објаснуваат дека тоа е последица на обилните дождови, наспроти опозицијата која обвинува за неквалитетна изведба на работите на патот кој е дел од Коридорот VIII, поради ” коруптивни тендери на власта”

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk