logo
logo
logo

ЗОШТО ГО ЗАВРШИ НЕЗАКОНСКИОТ МАНДАТ? Германецот Кристијан Шмит поднел оставка

Vecer | 10.05.2026

ЗОШТО ГО ЗАВРШИ НЕЗАКОНСКИОТ МАНДАТ? Германецот Кристијан Шмит поднел оставка

Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, поднесе оставка од таа позиција по речиси пет години незаконско водење на Канцеларијата на висок претставник, потврди Н1 Сараево.

Германецот Кристијан Шмит веќе ја поднел својата оставка, пишува германскиот медиум Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЗ), тврдејќи дека самиот Шмит им го потврдил тоа.

Според нив, тој однапред им ја потврдил оваа информација во недела.

„Поранешниот германски министер за земјоделство однапред го известил Франкфуртер Алгемајне Цајтунг во недела дека ќе се повлече“, пишува овој медиум.

Германскиот дипломат веќе го информирал Управниот одбор на Советот за имплементација на мирот (PIC) за својата намера, барајќи да ја започне постапката за избор на нов висок претставник.

Шмит ќе продолжи да ги извршува сите редовни должности со полн капацитет сè додека не заврши процесот на назначување на неговиот наследник, пишува Н1 Сараево.

Незаконскиот мандат на Шмит е втор најдолг во историјата на висок претставник во БиХ. Тој беше избран на функцијата на 27 мај 2021 година без одобрение и согласност од ОН, но официјално ја презеде функцијата на 2 август истата година.

Шмит дојде во Босна и Херцеговина пред пет години и се претстави како висок претставник, иако до ден денеска нема потврда за ова од Советот за безбедност на Обединетите нации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk