logo
logo
logo

„РАЈАНЕР“ ЗАМИНУВА ОД СОЛУН: Грција останува без 12 авионски рути, ова е причината

Vecer | 09.05.2026

„РАЈАНЕР“ ЗАМИНУВА ОД СОЛУН: Грција останува без 12 авионски рути, ова е причината

„Рајанер“ ќе ја затвори својата оперативна база на аеродромот во Солун оваа зима и ќе го намали бројот на летови до и од градот.

Одлуката доаѓа откако операторот на аеродромот „Фрапорт Грција“ ги зголеми годишните такси, изјави вчера главниот комерцијален директор на компанијата.

Во разговор со новинарите во Атина, Џејсон Мекгинес рече дека не е постигнат напредок во преговорите меѓу нискобуџетната авиокомпанија и „Фрапорт“, која ги зголеми таксите на неколку грчки аеродроми.

„Фрапорт Грција продолжи да ги зголемува таксите, кои сега се за 66 проценти повисоки отколку пред пандемијата на Ковид“, предупреди Мекгинес.

„Фрапорт Грција“ соопшти дека сите тврдења што ја поврзуваат одлуката на „Рајанер“ со аеродромските такси или таксата за развој на аеродромот, воведена од грчката држава, се целосно неосновани.

„Одлуката за намалување на зимските операции на аеродромот „Македониа“ во Солун е исклучиво поврзана со комерцијалната стратегија на „Рајанер“, нејзиниот бизнис модел и проценката на профитабилноста“, изјави „Фрапорт“.

Ирскиот превозник, најголем во Европа по број на патници, има 95 оперативни бази низ целиот континент каде што одржува авиони и кабински персонал. Минатиот месец, исто така, објави затворање на својата база во Берлин поради повисоки такси и даноци.

Мекгинис не прецизираше дали најновиот потег ќе резултира со намалување на работните места меѓу 100-те вработени во базата во Солун.

Капацитетот ќе биде намален и на аеродромот во Атина оваа зима, што ќе доведе до вкупна загуба од 700.000 седишта и 12 рути низ Грција.

Авионите ќе бидат пренасочени кон Албанија, Италија и Шведска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk