logo
logo
logo

Баба продавала печурки на пазар, ЗАТРУЛА 7 ЛУЃЕ во Шабац

Vecer | 03.10.2022

Баба продавала печурки на пазар, ЗАТРУЛА 7 ЛУЃЕ во Шабац

Баба продавала печурки на пазар при што затрула седум лица во Србија. Бабата сега е приведена.

Полицијата во Шабац ја уапсила М.Г. (72) од местото Чуковина, каде седум лица се затруле откако купиле печурки на пазарот од неа.

Таа била задржана во полиција 48 часа и ќе биде сослушана во Основното јавно обвинителство во Шабац, објавија српските медиуми.

Полицијата запленила и одредена количина печурки, кои ќе бидат анализирани.

Првиот пациент со симптоми на труење во болница се пријавил во средата, друг во петокот, а потоа дури петмина.

„Отровната баба“, како што ја нарекоа секој ден продавала печурки па покрај луѓето кои завршиле на лекување во Белград, вознемирени се и другите кои пазареа со неа.

Седуммината затруени, од кои најмладиот имал 33 години, прво биле примени во болницата во Шабац, а потоа префрлени во Белград.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk