logo
logo
logo

Аркан денеска ќе полнеше 70, се огласи Анастасија, ЕВЕ ШТО ЈА БОЛИ НАЈМНОГУ

Vecer | 17.04.2022

Аркан денеска ќе полнеше 70, се огласи Анастасија, ЕВЕ ШТО ЈА БОЛИ НАЈМНОГУ

Жељко Ражнатовиќ Аркан денеска на 17 април би наполнил 70 години, а по тој повод се огласи неговата ќерка Анастасија Ражнатовиќ. Имено, Анастасија на Инстаграм сподели стара фотографија на која Аркан ја бакнува, а накратко напиша:

„Среќен роденден, тато“.

Пејачката претходно објави видео од детството каде зборува за својот татко.

„Често го сонувам и во тие соништа тој секогаш се појавува на еден ден“, вели таа.

„Не се сеќавам на татко ми, а тоа многу ме боли. Вељко се сеќава на сцената кога татко ми игра шах дома и тоа е се.“

Таа додава дека татко и недостигаше, како чувство на заштита, стабилност.

„Иако мајка ми беше столб, фалеше татко, без разлика колку се трудеше да го надополни сето тоа. Кога бевме деца, татковците доаѓаа да земат деца после училиште, а возачот дооаѓаше да не земе. Мене тоа не ми беше јасно или кога некој ќе ми напишеше навреда за татко ки, каков бил за да ме повреди преку него .Ако некој очекува да се откажам од членовите на семејството, тоа нема да се случи. Ако некој не знаел што ми направил, никогаш не би очекувал некој да се откаже од својот татко“

Анастасија вели дека нејзиниот татко не бил најлош на светот.

„Горда сум што сум негово дете и што бев тоа што беше и што толку многу ја сакаше и бранеше нашата земја и секогаш ќе бидам горда на тоа и ќе го сакам засекогаш“, изјави Анастасија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk