logo
logo
logo

Ана и Иан го прошетале цел свет, но велат дека не видела поубаво место од ова балканско село (ВИДЕО)

Vecer | 12.10.2021

Ана и Иан го прошетале цел свет, но велат дека не видела поубаво место од ова балканско село (ВИДЕО)

Ана и Јан се партнери кои патуваат низ светот.

Своите авантури ги споделуваат на социјалните мрежи, но и на својот Јутуб канал “The Other Side”. Последните видеа објавени од нивна страна се од српското село Гола Глава, од каде и потекнуваат предците на Ана.

Се со цел да се запознаат со српската култура, тие решиле во ова село да поминат 7 деца.

Поради ридовите и бројното зеленило, оваа млада двојка му го дала на селото прекарот Српска Тоскана.

[embed]https://youtu.be/gZIZbIlM5qo[/embed]

Имено, Ана е ќерка на српски емигранти од Америка кои додека била мала честопати и говореле за Србија и ја учеле за културата и обичаите.

Нивното искуство во Србија било навистина автентично. Се разбира, поголем дел од времето Ана и нејзиното момче го поминале уживајќи во храната. Гибаница, супа, бифтек, грав, сливи, пиперки, крушки и домати се само дел од специјалитетите кои тие ги пробале.

Иан пак, е роден во Америка и не знаел ништо за Србија се додека не ја заппознал Ана. Како проаѓало времето, тој се повеќе се заљубувал во српската култура и храна, а сега конечно добил и шанса да ја посети Србија.

-Планиравме да направиме тура низ Србија и да ги посетиме сите убавини на оваа земја, но од моментот кога стигнавме во Гола Глава се заљубивме во селото и останавме една недела, вели тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk