logo
logo
logo

Албанската полиција на граничните премини за шест месеци запленила непријавени 1,5 милиони евра

Vecer | 03.07.2023

Албанската полиција на граничните премини за шест месеци запленила непријавени 1,5 милиони евра

Според статистиката на албанската полиција, во првите шест месеци од годинава граничната полиција запленила околу 1,5 милиони евра, најголем дел од овие случаи се откриени при влез на албанската територија.

Од контролите е докажано дека премини каде што поминале најмногу непријавени пари е меѓународниот аеродром во Тирана и пристаништето Драч.

Запленети се евра, долари, британски фунти и швајцарски франци.

Само во март, на граничните премини биле блокирани околу 520 илјади евра, што е најголема вредност во однос на другите месеци.

- Албанските државјани  на распитот изјавуваат дека не знаеле дека ако со себе имаат над 10 илјади евра на граница, вредноста мора да ја пријават до надлежните органи. Дел од странски државјани, пак, одбиваат да  дадат изјава во полиција за потеклото на парите. Во овие случаи, истражителите се сомневаат дека парите потекнуваат од криминални активности во странство и се наменети да се инвестираат во Албанија, наведува Ора њуз. 

Вчера припадниците на граничната полиција во пристаништето Валона запленила 16 илјади евра скриени во автомобил на 37-годишен албански државјанин кој пристигнал со траект од Италија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk