logo
logo
logo

Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан

Vecer | 23.09.2025

Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан

Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук напиша дека одлуката за разрешување на заменик - министерот од функцијата ја донесла по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк.  

Во жалбата стои дека заменик-министерот Махила за време на посетата на САД пушел цигари во ресторан, што предизвикало вознемиреност кај присутните.

"Добив жалба од наш сонародник во Њујорк, кој, заедно со своето семејство бил во ресторан. Беше загрижен поради фактот што заменик-министерот за внатрешни работи Махила пушел цигари во истиот ресторан. Спроведов соодветна проверка и му го соопштив на заменик-министерот неговото разрешување од должност“, пишува Кочиу.

Министерката нагласува дека таквото однесување не може да се смета за невина грешка, туку за јасно кршење на законот.

"Секој може да направи грешка ненамерно и тоа може добро да се разбере, но пушењето цигари во ресторан не е ненамерна грешка, туку неоправдано кршење на законот. Уште повеќе за раководител на институција како што е Министерството за внатрешни работи“, додава таа.

Албана Кочиу е прва жена на чело на полицијата во историјата на Албанија. Во минатата влада беше министерка за здравство. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk