logo
logo
logo

АЛБАНИЈА СЕ СПРЕМА: Ќе се формира резервна воена единица!

Vecer | 30.10.2024

АЛБАНИЈА СЕ СПРЕМА: Ќе се формира резервна воена единица!

Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу соопшти дека Владата на Албанија го усвоила предлог-законот за формирање на резервна воена единица, јавува Репортери.

Венгу нагласи дека одлуката е донесена како резултат на глобалната ситуација, но и како исполнување на стандардите на НАТО.

„Постои потреба од создавање на резервни сили, тоа им дава можност на активниот воен персонал, кој од различни причини одлучил да развие кариера во приватниот сектор, можност да се вратат во вооружените сили со конкретни мисии и да придонесат во конкретни мисии со обврски кои можат да ги покријат и мировните мисии или потребите на регионот“, рече Венгу.

Како што вели, формирањето на првите единици на резервната армија ќе се реализира на почетокот на 2025 година.

"Имаме поддршка и значителен финансиски пакет од 15,5 милиони евра за овие сили. На овој начин се враќаме на стандардите на НАТО“, рече Венгу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk