logo
logo
logo

Албанија ќе формира резервен армиски состав со 2100 припадници

Vecer | 16.12.2024

Албанија ќе формира резервен армиски состав со 2100 припадници

Покрај активниот состав на вооружените сили, Албанија ќе формира резервен армиски состав кој ќе брои 2100 припадници.

- Резервистите ќе бидат обучени со цел да се комплетира досегашната структура на армијата во одржување на нивото на подготвеност и оперативност потребни за исполнување на националните обврски во рамки на НАТО, се наведува во документот.

Предлог-законот предвидува резервниот состав да биде 25 отсто од активните сили или околу 2.100 лица, со што „ќе се обезбеди значителен капацитет за брза реакција во итни случаи“.

Во парламентарната комисија за национална безбедност, министерот за одбрана Пиро Венгу презентираше детали за трошоците за резервниот армиски состав.

- До 2025 година целиме да ангажираме 125 лица со трошок од 1,5 милиони евра а до 2030 година 475 лица, за што се предвидени средства во износ од 2,8 милиони евра, посочи Венгу.

Тој наведе дека во некои европски земји се обновува задолжителниот воен рок во различни форми, но во моментов Албанија нема такви планови.

Во комисијата за национална безбедност Предлог-законот помина само со гласовите на пратениците од владејачката Социјалистичка партија, додека демократите ја напуштија просторијата во моментот пред гласањето. Предлог-законот набрзо ќе се најде на пленарна седница на Парламентот на усвојување. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk